ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Од новата учебна година албански јазик „по избор“ и нов концепт за образование

Следната учебна година се очекува да започне новиот концепт за основно образование. Први кои ќе учат по него се учениците од прво и шесто одделение, а за период од пет години ќе бидат вклучени сите. Се предлага престојот на училиште да трае пет часа, од кои 3 и пол наставни часови за децата од прво до петто одделение, а шест часови, односно 4 и пол наставни часови за деца од шесто до деветто одделение. Природните науки ќе вклучуваат содржини од биологија, географија, хемија и физика, додека општествените науки ќе имаат содржини поврзани со историјата, социјалната географија, граѓанското образование, религијата и етиката.

Advertisements

Секое училиште мора да обезбеди два списока на изборни предмети. Едниот за јазици, кој го вклучува албанскиот јазик, а другиот изборен список ќе биде составен од четири категории по слободен избор.

Иако ДУИ за време на кампањата ветуваше дека албанскиот јазик ќе биде задолжителен за сите ученици од петто одделение, новиот концепт не предвидува такво нешто.

Министерката Царовска повтори дека ниту еден наставник нема да биде отпуштен или оставен без целосен фонд на часови. Кога станува збор за историја и географија, Царовска тврди дека сите страни ќе бидат вклучени во подготовката на промените.

За целиот нов образовен проект ќе бидат потребни дополнителни буџетски пари за наставни програми и материјали.

Мелихате Рустеми Оп.

Melihate Rustemi

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button