ЗАБАВА

Влијанието на мирисите врз емоциите и сеќавањата


Дали некогаш ви се случило мирисот на косена трева да ве потсети на детските игри? Дали од нигде никаде сте се потсетиле на некоја личност која не сте ја виделе со години и сте се запрашале што е тоа што го поттикнало тоа сеќавање?
Еден од можните одговори е дека покрај вас поминала личност чиј парфем е истиот како тој што го користел/а тој/таа.

Веќе општо познато е дека разновидните мириси влијаат врз емоционалната состојба и исто така можат да поттикнат длабоки сеќавања. Но, малкумина знаат да објаснат како се одвива тој процес и зошто е тоа така.

Научно поткрепениот одговор е дека оваа појава се должи на анатомијата на мозокот, односно мирисот најпрво се процесуира во bulbus olfactorius, неврална структура во челниот дел од мозокот, кој е вклучен во сетилото за мирис. Оваа структура има директни врски со двете мозочни области силно вмешани во емоциите и сеќавањата, односно во амигдалата и хипокампусот.

Секој мирис, дали се работи за природен или вештачки, поттикнува разни чувства кај нас и не секогаш тие мора да се поврзани со некое минато искуство. Мирисот може да влијае на соновите, стресот, несоницата, како и на концентрацијата и помнењето.

Во прилог ви предлагаме парфеми кои содржат мириси што можат да имаат позитивно влијание врз вашиот секојдневен живот.

По неколку научни истражувања заклучено е дека мирисот на цвеќе пред спиење може да доведе до попозитивни соништа.

Мирисот на роза е еден од цветните мириси кои помагаат при несоница, анксиозност и стрес.

Мирисот на ванила е природен афродизијак и има позитивно влијание врз либидото кај мажите. Овој мирис исто така може да го подобри вашето расположение.

Доколку во текот на денот имате проблем да се сконцентрирате, доволно е да впиете овошен мирис како мирис на малина, јагода, портокал, лубеница и слично.

Освежителниот мирис на лаванда припаѓа во групата цветни мириси кои помагаат при ослободување од стрес, како и за ублажување на мигрената и тензичните главоболки. Вдишувањето на овој мирис за околу 10 до 15 минути ги намалува болките во главата.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button