
Името на Чави Хернандез е едно од најдискутираните во последните месеци, а причина затоа беше изјавата на шпанецот дека на крајот од сезоната ќе го напушти каталонскиот клуб. Стратегот својата одлука ја објави во јануари, кога тимот беше во прилично лоша форма.
Оттогаш, Барселона сериозно ги подобри перформансите, а во медиумите почнаа да кружат информации дека Чави би можел да се предомисли.
Неодамна, техничкиот директор на клубот Деко како и претседателот Жоан Лапорта изразија подготвеност да го продолжат договорот со Шпанецот доколку се предомисли на крајот на сезоната. Сепак, Чави ќе ја преиспита својата иднина само во еден случај, а тоа е доколку шпанскиот гигант ја освои Лигата на Шампионите.