ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Фотографирањето брзо, пасошот по неколку месеци

Нормализирано е чекањето за фотографирање за патните исправи, но не и за нивно навремено добивање. Граѓаните чекаат и до три месеци за да добијат нов пасош.
За да се избегне долгото чекање за добивање пасоши, граѓаните во голем број случаи ја избираат можноста за пасош по итна постапка, иако тоа чини повеќе.
Од МВР не ги наведуваат причините за доцнењето, но велат дека до сега се испорачани околу 1 милион 433 илјади пасоши со новото име на државата.
Авни Тахири