ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 27 пациент, пуштени 35 оздравени

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 27 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 459 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, соопштуваат од министерството за здравство.
Во последното деноноќие, на интерните клиники имало вкупно 9 приеми и тоа по двајца пациенти биле  хоспитализирани на Клиниката за дерматологија и на Клиниката за гастроентерохепатологија, по еден пациент на ОРЛ и на Клиниката за неврологија и тројца на Очната клиника.
Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 8 нови приеми на пациенти. На Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден се хоспитализирани 10 болни.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 35 оздравени пациенти.
Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button