ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Дрога во Крушево, Спасовски нема да бара оставка од заменикот Буши

Оливер Спасовски не планира да побара оставка од неговиот заменик во Министерството за внатрешни работи, Назим Буши од ДУИ. Имено, пред неколку дена помеѓу трите уапсени лица кои беа уапсени за незаконска трговија со дрога е и 22-годишен скопјанец со иницијали Т.С. Тој му е син на шурата на заменик-министерот и брат на човекот кој му е лично обезбедување на Буши. Конфискувани беа околу 60 килограми марихуана.

Advertisements

Одговорноста ќе ја носи тој кој направил било каков прекршок, било какво кривично дело. Од оваа акција и од сите други кои следат ќе видите дека нема селективност и никој не може да биде поштеден затоа што бил роднина, во политичка партија или по кој било друг основ“, рече Спасовски.

Значи оставка нема да барате од вашиот заменик?

Па, човекот што го направил тоа треба да оди во затвор и ако почнуваме сега да бараме политички одговорности за наши подалечни или поблиски роднини затоа што го прават, оставка треба да се бара во момент ако некој пробал да сокрие нешто, ако пробал да спаси некој од одговорност. Во вакви услови тоа нема да се случи“, одговори Спасовски.

Инаку, Спасовски и Буши денеска беа во Охрид каде промовираа нови чамци на езерската полиција.

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button