Жените кажуваат мали „бели“ лаги


Алсат
04.06.2020 08:19
Можеби веднаш ќе се оградите од овие редови, но обидете се да бидете малку искрена… Колку од овие лаги сте ги кажале на првиот состанок? Или можеби не токму на првиот меѓутоа меѓу првите состаноци за да го импресионирате?
1.„Не сум сигурна што сакам, не сум ни жедна ни гладна. Што ќе нарачаш ти?“
Вистина: Точно знам што сакам, но ќе почекам да видам што ќе нарачаш ти за да не се посрамотам.
2. „Воопшто немам навика да ги проверувам луѓето преку Фејсбук”.
Вистина: Секако дека проверувам преку Фејсбук, ме интересира каков човек си и како комуницираш со пријателите.
3. „Слушам секаква музика“.
Вистина: Не знам дали ќе ти се допадне мојот избор на музика, затоа е најдобро да не го кажам тоа на глас.
4. „Ова е всушност мој прв состанок со некој што сум го запознала на Интернет“.
Вистина: Ова е всушност мој трет состанок со некој што го запознавам на Интернет, но зошто мора тоа да го знаеш?
5. „Интересно место е ова, сум била тука неколку пати“.
Вистина: Ова е мое омилено место, и тука се чувствувам најсигурна, на мој терен, затоа и предложив да се најдеме тука.
6. „Пред неколку дена бев на вечера со една… пријателка и…“.
Вистина: Пред некој ден бев на вечера со колегата на мојата пријателка, но ако ти кажам ќе помислиш дека скоро секој ден излегувам со друг маж.
7. „Не, нема потреба да ме носиш дома. Па јас и така постојано си одам сама и тоа не ми пречи. Ти и така живееш на другиот крај, нема потреба да кружиш“.
Вистина: Искрено, попрво би седела дома со месеци сама отколку овој состанок да потрае уште 2 секунди.
8. „Ах, сигурно ти ќе платиш? Нема потреба, еве земи, јас ќе си го платам мојот дел“.
Вистина: Те молам немој да прифатиш, те молам немој да прифатиш.
9. „Не барам сериозна врска. Тоа си доаѓа самото по себе доклку со некој навистина си одговараш“.
Вистина: Уф, искрено се надевам дека ти си ми сродна душа и толку ми се допаѓаш, но морам да останам прибрана.
10. „Во средно тренирав одбојка, ама подоцна не знам ни самата зошто се откажав“.
Вистина: Никогаш не сум тренирала ништо.