
Финалето, во кое Италија на пенали ја победи Франција, се памети по инцидентот во 110.минута. Матераци успеа да го испровоцира Зидан кој потоа го удри со глава.
Најдобриот француски играч веднаш доби црвен картон. Матераци по многу шпекулации откри што му рекол на Зидан на натпреварот.
„Не ми се допаѓа тоа што се случи, не е фер. Таа епизода никогаш не требаше да се случи. Во жарот на тоа финале, меѓу предизвиците и навредите, Зидан ми понуди дрес. Одбив и му реков дека повеќе ја сакам неговата сестра. Потоа се сврте и реагираше како што сите се сеќаваат. Оттогаш не сум го видел“, изјави Матераци.