СПОРТФУДБАЛ

Анхел Ди Марија добива нов договор од Бенфика

Португалскиот гигант Бенфика сака да го задржи аргентинскиот интернационалец Анхел Ди Марија најмалку уште една година во тимот. Ветеранот има 36 години, но сѐ уште игра одличен фудбал и е еден од најдобрите фудбалери на Бенфика.

Advertisements

Клубот од Лисабон има намера да го продолжи договорот со аргентинскиот ас до летото 2025 година. Актуелниот договор на Ди Марија е до крајот на оваа сезона.

Ди Марија одигра 41 натпревар, постигнувајќи 15 гола и 12 асистенции оваа сезона.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button