СПОРТФУДБАЛ

Младата репрезентација, на 1 јуни ќе одигра пријателски натпревар со Полска

Репрезентацијата на Македонија до 21 година на 1. јуни ќе одигра пријателски натпревар против Полска, на гостински терен. Мечот ќе се одигра на стадионот „Нарутовица“ во Радом.

Advertisements

Младата селекција на Македонија ќе биде првата репрезентација која ќе гостува на овој стадион, кој е целосно нов и пуштен неодамна во употреба. На овој стадион се одигра финалето на Купот лани, а сега ова ќе биде прв натпревар на национални селекции после долго време.

Момците на Цапар овој меч ќе го искористат за воигрување, пред септемврискиот квалификациски циклус. Како што е познато, Македонија со поразот од Шведска на домашен терен драстично ги намали шансите за пласман на ЕП, и ги сведе на теорија./Ekipa.mk

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button