ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Таравари од Дебар ја започна кампањата за претседателските избори
Таравари од Дебар ја започна кампањата за претседателските избори

Кандидатот на албанската опозиција Арбен Таравари од Дебар ја започна кампањата за претседателските избори. Најави дека еден од четирите столба на неговата програма е Уставот, поточно отстранувањето на формулацијата „20 отсто“, како и избор на претседател на државата во Собранието.
„Нашиот услов е претседателот да се бира во Парламент со 2/3 од гласовите и со Бадентер, а ако не може двапати да биде избран, третиот пат да биде со просто мнозинство или 61 пратеник и со Бадентер. Ова би бил многу подобар начин да се намалат државните трошоци и да се одржи одредена контрола врз изборот на клучните државни функционери“, рече Арбен Таравари, кандидат за претседател на ВРЕДИ.