СВЕТ
Трамп го одликуваше Гренел за потпишувањето на договорот во Вашингтон

Американскиот претседател, Доналд Трамп, го одликуваше специјалниот пратеник за дијалог меѓу Белград и Приштина, Ричард Гренел со Орден за национална безбедност за придонесот што доведе до потпишување на договорот меѓу Белград и Приштина во Вашингтон.
View this post on Instagram
Ричард Гренел, заедно со фотографиите на својот профил на Инстаграм, напиша дека тоа е голем дел за него, особено затоа што беше одликуван од Доналд Трамп, за кого изјави дека ја користел дипломатијата за воспоставување мир на светот.