ЕКОНОМИЈА
Симболично поевтинува дизелот
Со одлука на Регулаторната комисија за енергетика, од полноќ малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 0,50 ден.
Цените на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемува за 0,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,871 ден/кг и сега ќе изнесува 44,302 ден/кг.