Фудбалерите на Баерн и Реал Мадрид ќе играат меѓусебе во полуфиналето од Лигата на шампионите, бидејќи вечерва го елиминираа Арсенал со победа од 1:0, а Манчестер Сити со пенали – 4:3 (1:1 во регуларното време) .
По 3:3 на првиот меч во Мадрид, реваншот во Манчестер не беше толку спектакуларен, а на крајот беше решен по изведување пенали.
За прв пат од сезоната 2004/05, единаесетмината го решија исходот од четврт-финалето на Лигата на шампионите и првпат Манчестер Сити беше поразен во пенал рулетот, претходните трипати низ кои поминаа „граѓаните“.