МАКЕДОНИЈА

Почна чистењето на депонијата во Визбегово

Расфрланото ѓубре, отпад од секаков вид кој ја загадуваше околината на Визбегово, а беше игнориранo со децении, по реакцијата на Државниот инспекторат за животна средина денеска почна конечно да се чисти.

Advertisements

„Целата површина којашто ќе биде предмет на чистење е околу 100.000 м2 или 10 хектари. Значи, целиот овој дел, буквално, имаме намера да го исчистиме, да го израмниме да дојде до негово култивизирање, зборувам да се нанесе потоа и земја којашто е исправна“, рече Петре Шилегов, градоначалник на Скопје.

На местото на дивата депонија во Визбегово планирано е да издигне парк.

Додека се чистеше дивата депонија во Визбегово, од другата страна изби црн чад. Тој доаѓа од двор на приватен имот. Иако инспекторите алармираат вакви случаи на загадувачи да се пријавуваат, сепак, Уставот не им дозволува да контролираат што се прави во приватни имоти.

Депонијата во Визбегово е само една од повеќе од 1000 депонии кои ја загадуваат државата. Надлежните не го знаат ниту точниот број на дивите депонии, ниту кажуваат кога ќе ги расчистуваат.

„Работиме заедно со сите локални власти во земјава. Со градоначалникот на Скопје разговараме за подобрување на депонијата „Дрисла“. За депонијата Русино имаме план и соработка од швајцарската амбасада. Работиме во северот и во северо источниот регион, како што знаете инвестираме 38 милиони од ИПА 2 програмата. 39 камиони веќе се набавени. И во југо истокот и во југо западот имаме активности за креирање на централен систем за отпад“, рече Насер Нуредини, министер за животна средина.

За чистење на дивата депонија во Визбегово, Министерството за екологија ќе исплати повеќе од 300.000 евра.

Игор Стефановски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button