
Камперот што експлодираше на Божиќното утро во центарот на градот Нешвил е намерен чин, соопшти полицијата и објави голема штета во престолнината на кантри музиката.
Најмалку три полесно ранети лица се хоспитализирани, а пронајдени се и остатоци од тело за кои треба да се утврди дали се од човек.
Полицијата сè уште не знае дали за време на експлозијата имало некој во возилото. Идентитетот и мотивите на сторителите се исто така непознати.
Во меѓувреме, се појави снимка од моментот на експлозијата:
Полицијата го блокираше квартот, а ФБИ и Федералната агенција за оружје и експлозиви се вклучени во истрагата. Белата куќа соопшти дека претседателот Доналд Трамп е запознаен со ситуацијата.