ВЕСТИРЕГИОН

Европарламентот ќе отвори канцеларија за односи со Западниот Балкан

Во обид да го подобри својот мониторинг над процесот на проширување на ЕУ, Европскиот парламент планира да отвори нова канцеларија за односи со земјите од Западниот Балкан.

Advertisements

Ваквиот предлог се содржи во документ подготвен од страна на ЕП во пресрет на одбележувањето на 20-годишнината од досега најголемиот бран на проширување на ЕУ во 2004 година, кога во Унијата во пакет беа примени 10 нови членки.

Во документот, како што објави „Еурактив“, се наведува дека оваа канцеларија ќе му овозможи на Европскиот парламент поголем надзор над пристапните процеси во соработка со постојните делегации на ЕУ, кои работат во рамките на Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС).

Дополнително, се предвидува канцеларијата да му овозможи на Европарламентот подобра поддршка на земјите кандидати или потенцијални кандидати за членство ЕУ во нивните напори за интеграција во блокот.

Се очекува преку канцеларијата да се зајакнат и односите на ЕП со парламентите на земјите од Западниот Балкан и повеќе да дојдат до израз активностите на европратениците поврзани со процесот на проширување.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button