МАКЕДОНИЈА

ВМРО ниту ќе предложи, ниту ќе се повлече од потпретседател на Собранието


ВМРО-ДПМНЕ нема да се повлече од функцијата потпретседател на Собранието, ниту пак ќе предложи име, тврдејќи дека петте потпретседатели чинат скапо. Станува збор за сценарио на СДСМ со цел да го одвлече вниманието на јавноста, велат од опозицијата.

Мандатар Заев, од друга страна вели дека петте потпретседатели би овозможиле да се слушне гласот на сите граѓани во законодавниот дом, негирајќи дека тоа ќе предизвика многу дополнителни трошоци. Според Заев, доколку ВМРО-ДПМНЕ се повлече од потпретседателот што им припаѓа со закон, тогаш и СДСМ ќе се повлече и ќе останат тројца потпретседатели за помалите партии.

Од коалицијата Алијанса за Албанците-Алтернатива велат дека не им била понудена можност да номинираат потпретседател, па за воопшто да можат да одлучуваат дали ќе назначат свој кандидат или ќе се повлечат. Тие потенцираат дека се чувствуваат дискриминирани како коалиција што ја претставува албанската опозиција. Собраниската седница за потпретседателите на Собранието остана на половина и не се знае кога ќе продолжи. Во една ваква ситуација не се знае што ќе се случи со Совет на Собранискиот канал, кој според Законот за Собрание, го води потпретседателот од опозицијата.

Анеса Салиху

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button