Охрид полн со туристи за Први мај

Од први мај до Велигден, голем број граѓани си ги поврзаа работните и неработните денови и го исполнија Охрид, особено оние кои работат во администрација. Дома ќе се вратат за денот на гласањето, 8 мај. Во градот најбројни се домашните и гостите од соседсатво и покрај повисоките цени на угостителските услуги.
„Цените се за нашиот стандард се високи, но тоа е. Животот тече, мора да се живее“…
„Дојдовме во Охрид да подишиме чист воздух и да уживаме во убавините на Охридското крајбрежје. Ќе останеме и за Велигден, а ќе ни се придружи и другиот дел од фамилијата. Ви пречат ли високите цени во угостителските објекти? Сите се жалат на нив и тие можат да бидат погубни за тие кои ги поставиле така цените. Ќе го осетат тоа по приходите“, рекоа анкетираните граѓани.
А, за едно кафе во Охрид ќе треба да одвоите од 100 до 180 денари, за пиво од 140 до 180 денари, за сок од 120 до 150 денари, за топка сладолед од 60 до 120 денари. За порција месо во ресторан од 300 до 800 денари. Но, за српските туристи, кои се најбројни деновиве, цените не се проблем.
„Остануваме четири дена. Го сакаме ова место. Уживаме секогаш кога доаѓаме. Во споредба со цените во Србија, цените се доста пониски. Особено цените на горивата, но и цените по рестораните се пониски. Можеме да си дозволиме да ручаме во ресторан“.
„Петнаесетти пат веќе доаѓам во Охрид. Цените се доста коректни, неспоредливи се со оние во Белград. Поевтини се за околу 40% и повеќе“.
„Овде имаме стан и затоа овде ќе останиме десеттина дена. Доаѓаме два пати годишно.Приметив дека цените во однос на минатата година се повисоки, но ако споредиме со некои други туристички места се по пристапни“.
„Четири дена остануваме. Во Охрид има што да се види. Цените не се високи за нас. Рестораните се поевтини од оние во Србија, а цените во маркетите се речиси исти“, рекоа српските туристи.
Хотелските капацитети не се исполнети според очекувањата и бележат половична исполнетост меѓу 40 и 60%.Цените на аранжманите се движат од 30 до 50 евра за ноќевање со појадок, додека во приватните сместување се бара место повеќе.
„Веќе седум-осум години работиме да го промовираме како вистинска религиозна дестинација на Балканот.Велигденските празници ќе бидат полни,сите сместувачки капацитети и приватното и хотелите“, рече Зоран Тунтев, туристички водич.
Најбарани се прошетките низ езеро до Свети Наум и околу стариот дел. Од туристичкиот сектор очекуваат летната сезона да биде меѓу најуспешните во изминатите неколку години, а затоа велат говорат веќе букираните аранжмани со туристи најмногу од Холандија, Турција, Англија, Србија и Полска.
Мики Трајковски