СПОРТФУДБАЛ

Сандро Тонали повторно казнет….поради обложување!?

Фудбалската Асоцијација на Англија (ФА), го казни со двомесечна суспензија условно и 20.000 фунти поради кршење на правилата поврзани со забраната за обложување во Англија.

Advertisements

Оваа казна значи дека Тонали ќе може да се врати на терените откако ќе му истече 10-месечната забрана што му ја изрече Италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ) на 27 октомври минатата година, со услов да не направи нов прекршок. Минатата есен, ФИГЦ го казни Тонали за обложување на натпревари во Италија, а поради тоа овој талентиран играч за врска нема да може да игра на Европското првенство во Германија, каде Италија ќе ја брани шампионската титула.

Тонали на почетокот на оваа сезона се пресели од Милан во Њукасл за 70 милиони фунти и веднаш покажа дека ќе биде големо засилување за „страчките“. Сепак, набрзо следеше суспензијата на ФИГЦ, па младиот Италијанец забележа само осум настапи, на кои постигна еден гол во дресот на Њукасл.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button