Меџити одговора на иронијата на Ахмети: Никој не е недопирлив
Меџити одговора на иронијата на Ахмети: Никој не е недопирлив

Борбата против корупцијата и преземањето на ресорите што не биле управувани од Албанците во изминатите 30 години се целите на албанската опозиција. Вака се изјасни еден од лидерите на коалицијата Вреди, Изет Меџити, во врска со гласините дека на албанската опозиција ќе и биде понуден ресорот на Министерството за внатрешни работи.
„Што се однесува до ресорите на новата влада, еден од столбовите на нашата програма е борбата против корупцијата и спроведувањето на законите. Така ќе биде намерата да имаме застапеност и во Секторите за внатрешни работи. Исто така, намерата се и некои сегменти кои во овие 30 години никогаш не биле водени од Албанци, ние тврдиме дека ќе го скршиме мразот и во овие ресори“,рече Изет Меџити, коалиција Вреди.
За ироничната изјава на Ахмети, кој рече дека ако Меџити стане министер за внатрешни работи , тој ќе се чувствува многу безбеден Меџити порача дека никој не е недопирлив.
„Законот е над сите нас, вклучувајќи го и Али Ахмети. Ако го прекршил законот, Ахмети и секој од нас ќе одговара“, налгаси Изет Меџити, коалиција Вреди.
По првиот круг од претседателските избори, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во неколку наврати порача дека ДУИ треба да оди во опозиција и да коалицира со Вреди.
Од ДУИ, пак, инсистираат на принципот победниците од македонскиот и албанскиот блок да формираат влада. Но, овој принцип беше прекршен од самата ДУИ во 2017 година, кога беше формирана влада со СДСМ.
ДУИ од вчера инсистира владата во Собранието да се гласа со Бадентер, односно со мнозинство гласови на малцинствата. Но, принципот на бадентер е предвиден само во одредени закони за да се спречи малите заедници да бидат надгласани од македонската заедница./Алсат.мк
Суад Бајрами