ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Денеска сончево и топло, утре дожд

Денеска нè очекува претежно сончево и топло време. Ќе биде до умерено облачно и ќе дува слаб до умерен ветер главно од југозападен правец. Попладне, според најавите на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), ќе има изолирана појава на краткотраен дожд и грмежи.

Advertisements

Минималните температури денеска ќе се движат во интервал од 4 до 10 Целзиусови степени додека максималните ќе достигнат од 18 до 27 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала облачност и температури до 27 степени.

За утре, пак, УХМР прогнозира променливо облачно време кое попладне ќе биде нестабилно на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button