
Раководството на Милан тргна во офанзива за напаѓачот на Лајпциг, Бенјамин Шешко. Според италијанското „Газета дело спорт“, „росонерите“ веќе ја упатиле првата понуда до клубот на Елиф Елмас во Германија. Милан понуди сума од 50 милиони евра за правата на словенечкиот репрезентативец.
Италијанскиот гигант активно бара нов централен напаѓач, бидејќи искусниот Оливие Жиру на крајот од сезоната ќе замине во САД.
Интерес за Шешко има и од англискиот премиерлигаш Арсенал, но според блиските до фудбалерот, понудата на Милан е далеку поинтересна за словенецот.