
Реал Мадрид ќе се бори за нов пехар во Лигата на шампиони (ЛШ) против Борусија Дортмунд, а тренерот на шпанскиот гигант Карло Анчелоти откри кој ќе застане на голот на „кралевите“.
Белгискиот голман Тибо Куртоа е еден од најдобрите во светот, но имаше тешка повреда од која се рехабилитира до неодамна, сепак Анчелоти смета дека е подготвен да брани во финалето на ЛШ.
Шпанските медиуми пишуваат дека причина за неговата одлука е тоа што Куртоа има големо искуство во овие натпревари и смета дека Белгиецот ќе им помогне на соиграчите да се закитат со уште еден трофеј.
Оваа сезона главен на голот на „кралскиот тим“ беше Украинецот Андреј Лунин кој бранеше во извонредна форма.