Егоров и Нуров, во игра за обезбедување виза за настап на ЛОИ 2024

Македонските борачи Владимир Егоров и Могамедгаџи Нуров остануваат во игра за обезбедување виза за настап на ЛОИ 2024 во Париз и покрај поразите во синоќешните квалификации на предолимпискиот турнир во Истанбул.
Егоров во категоријата до 57 килограми прво беше подобар од Педро Родригез (Венецуела) и Томас Еп (Швајцарија), но потоа загуби од Спенсер Ричард Ли (САД), додека Нуров во категоријата до 97 килограми го совлада Дипак Дипак (Индија), но загуби од Ерик Свене Тиле (Германија).
Двајцата денеска ќе се појават во т.н. репесаж каде што им требаат по две победи за да дојдат до олимписките визи во своите категории. Егоров прво ќе се пресмета со победникот од дуелот помеѓу Бен Тарик (Мороко) и Ванхао Зоу (Кина), а ако победи во борбата за третото место ќе се сретне со Чонсонг Хан од Северна Кореја, по што со другиот третопласиран да ги одмерат силите за третата виза ОИ.
Нуров, пак, ќе се бори со Магомед Ибрагимов од Узбекистан, а потоа преку Раду Лефтер од Молдавија и Авушајиман Хабила од Кина да се избори за норма и втор настап на Олимписките игри