СПОРТФУДБАЛ

Шабани: Докажавме дека сме најдобри со голема победа против Шкендија

Струга Трим Лум ја одбрани шампионската титула. Кога беше најтешко, на гостински терен во Тетово, и во позиција кога само со триумф можеа да ја одбранат титулата, стружани покажаа квалитет, победнички дух и потврдија дека во моментот се најдобриот тим во Македонија.

Advertisements

Сето ова, во најава пред дербито со Шкендија, го тврдеше капитенот на Струга ТЛ, Буњамин Шабани.

„Вака е можеби најслатко. Докажавме дека сме најдобри со голема победа против Шкендија во Тетово. Реков и претходно, дека верувам во овој тим, дека имаме несомнен квалитет, но и потребното искуство, и дека нема да се исплашиме од атмосферата и публиката. Напротив, бевме максимално мотивирани да одиграме најдобро што знаеме против еден навистина квалитетен тим на Шкендија. Имааа и тие свои моменти на мечот, но ние го издржавме почетниот притисок, а потоа почнавме да создаваме шанси, од кои и реализиравме два гола. Ова е награда за напорната работа во текот на целата сезона, мислам дека наполно заслужено ја одбранивме титулата и сакам да им честитам на сите соиграчи, на тренерите, раководството на клубот и секако, на нашите навивачи. Ова е нов огромен успех на Струга Трим Лум и нов мотив да се работи уште понапорно во иднина“, изјави за Буњамин Шабани.

Во последното коло, Струга ТЛ на домашен терен ќе го пречека Шкупи за прослава на титулата./Makfudbal.mk/

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button