ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ДИК прифати приговор на ВРЕДИ за избирачко место во Желино

ДИК прифати приговор на ВРЕДИ за избирачко место во Желино

Државната изборна комисија одлучи во Желинo во избирачкото место 2101 гласачкиот процес да се повтори. Од приговорот на коалицијата ВЛЕН, утврдено е дека во гласачката кутија е пронајдено уште едно гласачко ливче, додека од останатиот материјал недостигаат три ливчиња.

Advertisements

Потпретседателката на ДИК, Дитмире Шеху, беше обвинета од некои членови за попречување на работата на комисијата. Таа побара од архивата на ДИК да се утврди кој ги донел приговорите. И покрај тоа што некои членови го иронизираа ова барање, на крајот со мнозинство гласови беше изгласано да не одобри барањето на Шеху, бидејќи комисијата постапува по поднесените приговори, а не по начинот на кој тие се донесени до ДИК.

Коалицијата ВЛЕН има 10 приговори за шестата ИЕ. Приговори имаат и од ВМРО-ДПМНЕ и другите партии. На адреса на ДИК пристигнаа вкупно 27 приговори. По прифаќањето на еден приговор, другата страна има право на дополнителна жалба до Управниот суд, кој треба да одлучи во рок од 24 часа. Прегласувањето во 10 избирачки места во шестата ИЕ може да го промени конечниот резултат меѓу Европскиот фронт и коалицијата ВЛЕН./Алсат.мк

Адриан Керими

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button