ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Училиштето „25 мај“ доби лифт за децата со посебни потреби

Училиштето „25 мај“ доби лифт за децата со посебни потреби

И покрај спроведувањето на инклузивното образование во основното образование, многу училишта во земјава не ги исполнуваат условите за прием на ученици со посебни потреби. Забелешките особено се однесуваат на немањето соодветни патеки внатре во училишните објекти за да им се овозможи на овие деца слободно да се движат. Во основното училиште „25 Мај“ за овие деца со странска инвестиција е изграден лифт.

Advertisements

„Давајќи им можност да се движат слободно и безбедно, го подобруваме нивниот пристап до образование и им помагаме да се движат кон успехот“, рече Сузана Курбардовиќ Јакупи, директорка на О.У „25 Мај“.

Дефектологот Ајсер Гаши за Алсат изјави дека создавањето услови за деца со посебни потреби влијае на емоционалниот и развојниот аспект на детето.

„Кога се погодни условите, наставниците и ние како дефектолози и целиот персонал имаме подобри можности да ги прифатиме овие деца. Ќе биде полесно да се работи со учениците и тие исто така ќе се чувствуваат многу подобро. Досега правевме комбинации, поради немање лифт воспитно-образовната работа на учениците со колички се изведуваше на долниот кат со неможност за качување. Се надеваме дека сега нема да има такви проблеми“, нагласи Ајсер Гаши, дефектолог.

Учениците со посебни потреби рекоа дека лифтот ќе им овозможи да учествуваат во сите училишни активности.

„Сега ни е многу лесно да се движиме со лифтот“, рече еден ученик.

„Лифтот е многу добар за нас учениците кои не можеме сами да се движиме. Им благодариме на нашите пријатели кои ни помогнаа досега“, додаде друг ученик./Алсат.мк

Мелихате Рустеми

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button