ВЕСТИСВЕТ

(ВИДЕО) Невреме откорна билборд поголем од олимписки базен, најмалку 14 мртви

Најмалку 14 лица загинаа, а 75 се повредени во индискиот финансиски центар Мумбаи откако во големо невреме врз нив падна билборд поголем од олимписки базен.

Advertisements

Видео снимката покажува како билбордот се тресе од ветрот пред да се откорне и да падне врз неколку куќи и бензинска пумпа.

Локалните власти објавија дека најмалку 75 повредени лица се пренесени во болница по несреќата и дека 31 оттогаш се пуштени дома.

Агенцијата во чија сопственост е билбордот немала дозвола од надлежните да го постави, соопшти локалната власт. Панелот е со површина од околу 1.300 квадратни метри, што е девет пати повеќе од максималната дозволена големина. Агенцијата доби наредба веднаш да ги отстрани сите свои билборди.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button