ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Европскиот фронт смета дека ВМРО, СДСМ и ВЛЕН се обидуваат да им украдат двајца пратеници

Европскиот фронт и коалицијата ВЛЕН се судрија околу одлуката на ДИК да прифати 7 приговори. Според Фронтот, ВМРО-СДСМ-ВЛЕН се обидуваат да им украдат двајца пратеници.

Advertisements

„Сите вчера до утринските часови бевме сведоци, ние, медиумите и меѓународната заедница, на бруталната злоупотреба на институцијата на Државна изборна комисија и обидот за партиска и институционална кражба без никаков аргумент на две мандати на Европскиот фронт, во договор меѓу ВМРО-СДСМ-ВЛЕН. Неправедно и со надгласување, како во времето на едноумието. Во Државната изборна комисија е донесена одлука за прегласување на некои избирачки места во 5-та и 6-та изборна единица, токму на избирачките места, каде победници се партиите кои се жалат, чии гласачи ги именуваат како крадци, со што го понижуваат цел електорат“, рече Елми Азири, Европски фронт.

Од друга страна, ВЛЕН нагласува дека Европскиот фронт, злоупотребувајќи ги сите механизми на моќ, флагрантно ја нарушил волјата на граѓаните со спроведување на „бугарски воз“ во Липково и Ларце и со пребројување на неважечки гласови на нивна сметка.

„Замислете само со 7 отворени гласачки кутии, во 4 биле констатирани неправилности и кражба на гласови. Ова јасно докажува зошто ДУИ денес е во паника. Ги фаќа паника не само што ќе одат во опозиција и ќе одговараат за злоупотребите и кршењето на законите, туку и затоа што вчера со отворањето на кутиите се докажа дека преку злоупотреба на механизмите на власта, заканите, уцените, притисоци и бугарски воз се обидоа да ја нарушат волјата на народот и изборниот резултат“, рече Фатмир Сабриу, коалиција ВЛЕН.

Додека Европскиот фронт нагласува дека ја алармирал меѓународната заедница за ситуацијата, од коалицијата ВЛЕН велат дека мора да се даде одговорност за злоупотребите.

Суад Бајрами

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button