ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Од поднесените 27 приговори од политичките партии, Државната изборна комисија досега прифатила 7

Од поднесените 27 приговори од политичките партии, Државната изборна комисија досега прифатила 7

Од поднесените 27 приговори од политичките партии, Државната изборна комисија досега прифатила 7. Во петтата ИЕ, по досегашните приговори, може да се прегласува на 6 избирачки места. Двe во Крушево, две во Долнени и по едно во Струга и Охрид.

Advertisements

Гласачко место: 1844 Струга
Гласачко место: 1272 Охрид
Гласачко место: 1202 Крушево
Гласачко место: 1194 Крушево
Гласачко место: 1470 Долнени
Гласачко место: 1470/1 Долнени

Со прегласувањето во овие шест избирачки места мандат може да одземе Европскиот фронт и истиот да оди во СДСМ односно на контото на Коалицијата за европска иднина.
Прегласување може да има и во Желино, поточно во село Лрце во избирачкото место 2101, каде беа констатирани изборни нерегуларности. Со отворање на изборниот материјал се утврди дека едно гласачко ливче има повеќе од пријавените гласачи, а три ливчиња недостигаат во останатиот материјал. Сомнежите беа за „бугарскиот воз“ и затоа ДИК одлучи да ја прифати жалбата на Коалицијата ВЛЕН. Прегласувањето во Желино и воопшто на сите избирачки места во шетста изборна единица за кои се поднесени приговори, може да донесе промена на мандатите на Европскиот фронт, односно нив да им се одземе еден мандат, а истиот да се префрли на коалицијата ВЛЕН. Во оваа ситуација, резултатот меѓу страните би бил 8 спрема 8.

По прифаќањето на приговорите, странките имаат право на жалба до Управниот суд во рок од 48 часа. Нивната жалба потоа мора да биде разгледана од овој суд во следните 48 часа и да се донесе судска одлука. Во зависност од тоа, ќе се знае дали ќе има или не прегласување во овие места за кои се пристигнати приговори поради сомневање за изборни нерегуларности.
За парламентарните избори на 8 мај партиите поднесени се вкупно 27 приговори, од кои 10 од коалицијата ВЛЕН, 8 од ВМРО-ДПМНЕ, 5 од СДСМ и 4 од партијата Левица./Алсат.мк

Адриан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button