ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Во 2016 година, БЕСА оштетена во корист на ВМРО

Во 2016 година, БЕСА оштетена во корист на ВМРО

Европскиот фронт, кој во изминативе денови се жалеше на изборен инженеринг обвинувајќи ја Државната изборна комисија, дека носи неправедни одлуки за повторно гласање, истото го направи и во 2016 година заедно со ВМРО-ДПМНЕ. Во декември 2016 година, кога се одржаа предвремените парламентарни избори, Движењето Беса поднесе приговори за изборни нерегуларности во 6-тата и 2-рата изборна единица. Наместо Неџмедин Кахремани, кој беше кандидат за пратеник на Движењето Беса, со одлука на ДИК, мандатот за пратеник го доби ВМРО-ДПМНЕ за 300 гласа. Дик дури заклучи дека благодарение на системот на пребројување, мандатот може да се пренесе на најголемата партија со мандати без дури и да се разгледа можноста за повторно гласање.

Advertisements

Слична постапка Дик презеде и против кандидатот за пратеник Адмирим Алити. Тој не успеа да стане пратеник за 50 гласа, бидејќи со одлука на мнозинството членови на ДИК, мандат го предадоа на друга партија. Дури и во овој случај, Дик одлучи да не се оди на повторно гласање, бидејќи резултатот нема да влијае или да ја промени одлуката на ДИК.
Тогаш пред Дик имаше протести. Поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, повикуваше да се заштитат гласовите за ВМРО а демонстрантите со петарди и разни предмети фрлаа кон прозорците на ДИК, каде што се одржуваше рочиштето за разгледување на приговорите. Движењето Беса во тоа време, покрај ДУИ, ја обвини и ДПА дека им помагала на интегративците за плус мандат за ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски.

На парламентарните избори во 2016 година, благодарение на одлуката на ДИК, без можност за прегласување, ВМРО-ДПМНЕ создаде разлика од 51 наспроти 49 во однос на СДСМ, со што беа одземени два мандати од Движењето Беса, кое заврши со 5 пратеници, ДУИ со 10, Алијанса за Албанците со 3 и ДПА со два мандати./Алсат.мк

Адриан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button