ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Саемот за кариера на Универзитетот на Југоисточна Европа

Саемот за кариера на Универзитетот на Југоисточна Европа

Десетици компании денеска во рамки на саемот за кариера на Универзитетот на Југоисточна Европа, ги промовираа своите понуди за вработување или стажирање за студентите на овој универзитет. Целта на овој саем, кој се реализира речиси две децении, според ректорот на УЈИЕ, Абдилменаф Беџети, е да се создаде рамнотежа помеѓу работодавачите и побарувачката на пазарот на трудот. Според Беџети, ова, исто така, му помага на Универзитетот да создаде нови кадри во областа што го бара пазарот на трудот.

Advertisements

„. Нашата служба за кариера се обидува да го одржува се поактивен овој триаголник, кој веќе го негуваме во рамките на нашите можности, секогаш во тесна соработка со компаниите, прво да ги согледаме нивните потреби, да ги сослушаме нивните барања, и да контактираме со нашите потенцијални студенти, не само за вработување, туку и за практикантска работа. Пазарот на труд истовремено бара над десет илјади работни места на државно ниво, додека од друга страна има десетици илјади кои бараат работа. Оваа асиметрија е показател за нас во високото образование дека треба да создадеме потребни профили за вас и за заедницата во целина“, рече Абдилменаф Беџети, ректор на УЈИЕ.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button