ВЕСТИЗДРАВСТВО

Клинка за токсикологија – поддршка за докторот обвинет дека ги навредувал Албанците

Вработените на Клиниката за токсикологија преку писмо застанаа во одбрана на својот колега Нико Беќаровски, за кој се тврдеше дека ги навредувал Албанците вработени на клиниката. Вработените ги демантираат овие тврдења.

Advertisements

„Ние, вработените на Клиниката за токсикологија со редовен работен однос на неопределено време, во целост ги демантираме тврдењата изнесени во соопштение од 26.4.2024 година од страна на лица без статус вработени на клиниката, кои наводно се повикуваат на навреди кон Албанците од страна на проф. д-р Нико Беќаровски“, се навадува во изјавата на вработените Македонци.

Претходно д-р Беќаровски најави тужби против инволвираните лица и целосно ги отфрли тврдењата дека ги навредувал Албанците на национална основа. Ова беше одговор на претходната изјава на вработени Албанци на Клиниката за токсикологија, кои изјавија дека лекар ги навредувал Албанците на етничка основа.

„Дојде доктор Нико Беќаровски од ноќната смена и рече: Ако сакате војна ќе најдете, дури и нуклеарна бомба, во понеделник после дежурството сакам да биде чисто одделението за интензивна нега, без ШИПТАРИ. Додека бевме во времето на Тито, Македонија беше убаво место за живеење, потоа се симнаа овие од планина и целата земја се измеша“, стои во декларацијата на вработените Албанци.

Лекарите од Клиниката за токсикологија ја обвинуваа економската директорка Бесије Иљази дека не дозволува вработување на двајца дипломирани биолози и асистент. Наместо тоа, таа инсистирала да се вработат 18 лица на кои им истекол договорот за вработување, меѓу нив има и лица кои немаат соодветно образование. Вработените тврдат дека Иљази, спротивно на одлуката на ДСЗИ со која буквално се забранува присуство на невработени на Клиниката, ги охрабрувала тие на кои им истекле договорите да доаѓаат на работа. Министерот за здравство Илир Демири вчера го разреши медицинскиот директор на Токсикологија Данил Петровски, поради како што пишува во соопштението од Министерството за здравство тој иако имал согласности за продолжување на договорите за работа на 18 лица, тој не ги потпишал договорите, а ангажираните трпеле закани и омаловажувања на национална основа.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button