ВЕСТИСВЕТ

Словачкиот премиер Фицо не е во животна опасност, вели вицепремиерот

Словачкиот премиер Роберт Фицо повеќе не е во животозагрозувачка состојба откако беше опериран, вели неговиот заменик Томаш Тараба.

Advertisements

„Бев многу шокиран. За среќа, колку што знам операцијата помина добро и мислам дека тој ќе преживее, а во овој момент не е во животозагрозувачка состојба“, изјави Тараба, пренесува Би-би-си.

Тараба додава дека премиерот бил застрелан од многу блиску и дека еден куршум поминал низ стомакот, а вториот го погодил зглобот.

Повеќе детали за здравствената состојба на Фицо не се наведуваат.

Словачката полиција го идентификувала осомничениот кој вчера пукаше во словачкиот премиер во Хандлова, додека тој пред Домот на културата се поздравувал со граѓаните.

Инаку, Фицо како лидер на словачката левица беше назначен за премиер на Словачка по четврти пат на крајот на октомври минатата година. Тогаш во предизборната кампања вети дека ќе ја прекине воената поддршка за Украина и го критикуваше воведувањето санкции против Русија.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button