СПОРТФУДБАЛ

Тони Крос: Лоша одлука, мислам дека е грешка на помошниот судија

Драматичниот реванш во полуфиналето од Лигата на Шампионите помеѓу Реал и Баерн (2:1) минатата недела го одбележа судиска грешка на штета на гостите во финишот на натпреварот.

Advertisements

Полскиот судија Шимон Марчинијак во судиското надополнување ја прифати одлуката на помошникот кој сигнализираше офсајд. Сметаше дека Мазрауи е во недозволена позиција, иако десното крило на Баерн не беше во офсајд. Фудбалерите и навивачите на Баерн лути на оваа одлука се уште тврдат дека им е украден чист гол за 2:2.

Една недела по оваа одлука и натпреварот се огласи и Тони Крос. Легендата на Реал, но и на Баерн тврди дека неговиот поранешен тим бил оштетен на „Сантијаго Бернабеу“.

 

„Тоа беше лоша одлука. Мораме да оставиме играта да продолжи и да заврши акцијата“, изјави Крос во подкастот што го води со неговиот брат Феликс.

 

„Мислам дека грешката е на помошниот судија, бидејќи ако го подигне знамето, судијата му верува и смета дека се е јасно. Поточно, дека станува збор за офсајд,“ додаде на крај Крос.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button