СПОРТФУДБАЛ

Сега Управниот Одбор на Барселона не го сака Чави?

Откако успеаја да го убедат Чави да остане на тренерската позиција во тимот, „каталонците“ се сега пред нов пресврт, бидејќи членови на Управниот Одбор се свртеа против 44-годишниот стручњак и побараа од Лапорта да го избрка. Причина за тоа се неговите коментари во врска со финансиската состојба во клубот.

Advertisements

„Навивачите на Барселона мораат да сфатат дека ситуацијата е многу комплицирана и тешко е да се натпреваруваме на финансиски план. Сега не е како пред 25 години кога доаѓаше тренер и велеше: го сакам тој, тој и тој играч. Фудбалот не функционира така повеќе. Уште еднаш кажувам дека финансиската ситуација во клубот не е најдобра и сите работиме таа да се подобри“, рече Чави пред натпреварот против Алмерија.

Менаџерите во Барселона сфатиле дека со неговата изјава се лично прозвани дека не си ја вршат својата работа и затоа побарале тренерот да биде избркан, а одредени медиуми во Шпанија тврдат дека Лапорта ја прифатил сугестијата и го известил дека нема да ја води екипата идната сезона.

Од клубот уште нема потврда, но прашање е само кого би донела Барса ако се ослободи од Чави имајќи предвид дека изборот не е голем, а конкурентите веќе на големо ги реализираат плановите за идната сезона.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button