ВЕСТИСВЕТ

(ВИДЕО) Силно невреме во Хјустон, има загинати

Најмалку четири лица загинаа во Хјустон, во американската сојузна држава Тексас, во силно невреме што го зафати градот вчера. Невремето предизвика големи материјални штети и бројни проблеми во енергетскиот систем.

Advertisements

Поголемиот дел од центарот на Хјустон е преполн со паднати електрични столбови, скршени дрвја, стакло од скршени прозорци, сообраќајот е намален, а дел од уличното осветлување е надвор од функција.

„За жал имаме четворица мртви“, рече градоначалникот на Хјустон, Дон Витмајер во интервју за локалната телевизија Фокс 26.

Шефот на пожарникарите во Хјустон, Самуел Пења, повикувајќи се на првичните информации, вели дека едно лице е загинато од кран кој паднал од силниот ветер, а другите два смртни случаи биле предизвикани од паднати дрвја, пренесува Си-ен-ен.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button