ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Германско МНР: Сакаме да ја видиме Северна Македонија во ЕУ, сега е важно да се продолжи со уставните измени

Германското Министерство за надворешни работи на платформата „X“ нагласи дека сакаат да ја видат Северна Македонија во ЕУ и оти e важно земјата во моментов да продолжи со уставните измени.
-Сакаме да ја видиме Северна Македонија во ЕУ. Државата иницираше важни реформи за да го постигне тоа и мора да продолжи по тој пат. Особено е важно за Северна Македонија сега да ги започне уставните измени, се наведува во постот на германското МНР.