ДИК со реакција за јавниот притисок од политичките партии
ДИК со реакција за јавниот притисок од политичките партии

Државната изборна комисија е загрижена од изјавите на политички партии и носители на високи владини функции, кои се однесуваат на работата на ДИК во врска со постапувањето по приговорите за парламентарните избори.
Оттаму велат дека следејќи го контекстот и интензитетот на нападите, прозивките и навредите, исто така се загрижени и дека е можно истите да преминат и во лични напади.
Од Комисијата додаваат дека тие целосно професионално, транспарентно и врз основа на закон ги спровеле изборите, а тоа го потврдиле и сите домашни и меѓународни фактори.
Според тоа, за ДИК се неприфатливи и недопуштени нападите, притисоците и мешањето на одредени политички партии и на поединци од техничката Влада во изборните процедури, како и во работата и одлучувањето на ДИК и на Управниот суд.