ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Таравари за РТК: Во новата влада на Северна Македонија неколку министри и претседател на Собранието ќе бидат Албанци

Таравари за РТК: Во новата влада на Северна Македонија неколку министри и претседател на Собранието ќе бидат Албанци

Тој посочил дека Собранието ќе се конституира на крајот на овој месец, а новата влада се очекува да се формира во првата половина на јуни

Advertisements

Во новата влада на Северна Македонија шест министри и претседател на Собранието ќе бидат Албанци, изјавил во интервју за Радиот телевизија Косово (РТК) Арбен Таравари од коалицијата „Вреди“, пренесува Косово онлајн.

„Верувам дека една од трите главни функции на државата, односно претседателот на парламентот, ќе продолжи да биде Албанец и значителен број министри, особено за оние области каде што имаме експерти. Ние како партија ‘Вреди’ ќе ги именуваме“, рекол Таравари.

Тој посочил дека Собранието ќе се конституира на крајот на овој месец, а новата влада се очекува да се формира во првата половина на јуни.

„Планирано е конституирањето на Собранието да се случи некаде на крајот на овој месец, на крајот на мај, а во меѓувреме кон крајот на следната недела да имаме кадровски избори и програма на владата. Кога ќе се конституира парламентот, претседателот на државата мора да го даде мандат за фформирање влада. Во првата половина на јуни, сигурно ќе имаме нова влада“, рекол Таравари за РТК .

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button