ЗАБАВА

Читањето книги го продолжува животот


Според научниците од Универзитетот Јеил, читањето на книги може да го продoлжи нашиот животен век за две години.

Авторката на студијата, Бека Леви тврди дека читањето е корисно за нашето здравје од различни аспекти.

Резултатите покажале дека во споредба со луѓето што не читаат, лицата кои читаат три часа неделно имаат 17 отсто помалку шанси за прерана смрт во следните 12 години, додека оние кои читаат повеќе од три часа неделно го намалуваат ризикот од прерана смрт за цели 23 проценти. Ова истражување ги довело научниците до заклучок дека активните читатели живеат во просек две години повеќе од оние што не читаат. Според ова истражување, најмногу книги читаат жените кои имаат високи приходи и факултетска диплома.

Освен ова откритие, научниците утврдиле дека читањето ни нуди и некои други важни бенефиции за нашата состојба.

Според истражувањето спроведено на Универзитетот во Сасекс, читањето е еден од најефективните начини за победување на стресот, тоа е помоќно од слушањето музика или прошетката во природа. Ова истражување покажало и дека како што физичката активност ги подобрува срцето, мускулите и коските, интелектуалната активност ја подобрува работата на мозокот и го штити од ментални болести.

Многу научници пак кои ги истражуваат проблемите поврзани со несоницата, анксиозноста и депресијата  сметаат дека читањето го смирува умот, ни помага да ја совладаме напнатоста и побрзо да заспиеме.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button