Жителите на Палчиште, излегуваат на протести ако не добијат чиста вода
Жителите на Палчиште, излегуваат на протести ако не добијат чиста вода

Над пет илјади жители на селото Палчиште од општина Боговиње се уште немаат вода за пиење. Најлошо е на пролет, кога поради врнежите, водата во селото не може да се користи ниту за хигиена. Жителите постојано се принудени да купуваат вода за пиење или да копаат приватни бунари. Бараат решение за проблемот.
„Знаете ли колку години сме без вода, таква власт имаме, што да правиме. Во Новак купуваме или полниме вода за пиење“, рече еден жител.
„Селската вода за ништо не е, ни за перење ни за готвење. Уште полошо сега, кога врне, ги блокира нашите машини за перење од нечистотија. Не не прашувајте нас зошто е така, прашајте ги оние во општина, во Влада што се случува со Палчиште повеќе од 20 години. Веќе пет години немам вода, ископав бунар“, додаде друг жител.
„Нема луѓе кој да трча, бидејќи ние советниците кои ги бираме, ги бираме за да бидат убави, а не да работат за селото. Имаме четворица советници во општината, никој од нив не отвора уста за селото Палчиште“, рече еден жител.
Првиот човек на месната заедница на село Палчиште вели дека доколку и летово селото остане без вода, протестите повторно ќе се активираат.
„Моменталната состојба со водата за пиење е многу лоша. По сите протести и напори на жителите проектот почна да се реализира, но по извесно време беше прекинат. По прекинот со молби и жалби, проектот продолжи и се направи нова мрежа, но не е пуштена во употреба. Треба да се направат и некои каскади, но треба време. Ако немаме вода и летово, ќе има протести не само овде туку и пред министерствата“, рече Вулнет Акики- претседател на М.З Палчиште.
Отидовме и во општина Боговиње, од каде накратко изјавија дека се работи на водоснабдувањето и дека наскоро ќе заврши, но не беше објаснето зошто работите околу водоснабдувањето во село Палчиште беа запрени двапати досега.
Селото Палчиште има околу 1100 куќи и околу 5000 жители./Алсат.мк
Башким Сулејмани