ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Времето денеска: Променливо облачно со врнежи од дожд и температура до 27 степени

Променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд се најавува во прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за денешниот ден. Во попладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи локално во форма на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и изолирана појава на град. Утринската температура ќе биде од 10 до 16 Целзиусови степени, а во текот на денот од 21 до 27 степени.
Во Скопје, времето денеска, ќе биде променливо облачно со повремен дожд. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и услови за појава на краткотрајно невреме. Температурата наутро ќе биде 16, а во текот на денот до 26 степени.