СПОРТФУДБАЛ

Бараж натпреварoт за Правата Лига ќе се игра на 26 мај во Струмица

По завршувањето на сезоните во Првата и Втората фудбалска лига, остана само уште една непознаница, а тоа е кој ќе биде последниот учесник во прволигашкото друштво.

Advertisements

Бараж натпревар за опстанок во елитата ќе игра најтрофејниот македонски клуб Вардар, а ривал ќе му биде екипата на Детонит Плачковица која брка историски пласман во ПМФЛ. Решавачкиот натпревар меѓу овие две екипи ќе се одигра следниот викенд, поточно на 26 мај в недела.

Во терминот од 17:00 часот Вардар и Детонит Плачковица ќе вкрстат копја на стадионот „Благој Истатов“ во Струмица. Иако засега нема официјална потврда, клубовите ни потврдија дека терминот е конечен.

Опции за можни домаќини на бараж дуелот беа уште Штип и Охрид, меѓутоа ФФМ им го доверува баражот на струмичани.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button