ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Одбележан Денот на македонските пожарникари

Недостатокот на нови работни места, малиот број пожарникари, застарените возила и ниските плати се дел од проблемите со кои се соочува скопската противпожарна единица. Командантот на бригадата рече дека има зголемување на бројот на пожари. Околу 600 пожари се регистрирани во текот на изминатите пет месеци, што е невообичаено за овој период од годината.

Advertisements

Цимевски е еден од вработените во оваа единица кој оваа година заминува во пензија. Тој вели дека секоја акција што ја презел во својот живот имала свои ризици.

Градоначалничката на Град Скопје, вели дека пожарникарите заслужуваат повисоки плати, но законските дефиниции тоа го ограничуваат и како локална власт не можат да одат над она што е законска рамка. Таа вели дека ќе побара интервенција од централната власт веднаш по формирањето на новата влада.

Во противпожарната единица има слаб интерес на жените. Само две жени се дел од тимот.

Ајнур Бафќари

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button