Касами: Уставните измени еден од приоритетите на ВЛЕН

Консултациите за формирање на новото парламентарно мнозинство меѓу ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ВЛЕН денеска продолжиле во рамки на консултации во рамки на партиите. Иако се зборуваше за нова средба, до сега нема конкретни информации. Партиите претходно изјавија дека сакаат преговорите да се одвиваат без притисок од јавноста. Разговорите се дојдени до фаза на дефинирање на ресорите и кадрите, но колку министри и кои други функции ќе ги води коалицијата ВЛЕН, ова сѐ уште останува нејасно, иако во неофицијални околности се зборуваше за 6 министри, вицепремиер и претседателот на Собранието. Важноста се дава на програмските прашања и приоритети кои ги имаат партиите во нивните изборни програми. Билал Касами рече дека за коалицијата ВЛЕН приоритет се уставните измени и интеграцијата во ЕУ, а не се сомнева дека и ВМРО-ДПМНЕ е определена за овој приоритет.
„За волјата на ВМРО-ДПМНЕ прашајте ги нив. Ние кажавме дека еден од приоритетите на коалицијата ВЛЕН се уставните измени и продолжувањето на патувањето на земјата кон ЕУ. Што се однесува до другата страна, тие мора да се изјаснат, но знам дека и тие немаат дилеми околу интеграцијата во ЕУ“, рече Касами.
Начелниот договор се очекува во петок. Принципот на поделба на власта и позициите не е објавен. Во меѓувреме, не се знае за преговорите со други субјекти, иако се шпекулираше дека интерес да биде дел од новото мнозинство покажала и партијата ЗНАМ на Максим Димитриевски. По начелниот договор, треба да следува конституирање на Собранието, додека гласањето на новата Влада се очекува до средината на јуни. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски изјави дека очекува да обезбеди мнозинство од 2/3 со кои има за цел да промени голем број системски закони.
Адриан Керими