
Полицијата го уапси врховниот судија Наќе Георгиев под сомнение за поткуп. Неофицијално тој е осомничен за примање поткуп од 10.000 евра. Според неофицијални извори, Георгиев го искористил своето влијание и му ветил мерки за олеснување на поранешниот градоначалник на Ново Село, Боро Стојчев.
Не се знае дали против него е побарана мерка притвор, но поради имунитетот што го има најпрво треба да има одлука од Судскиот совет кој во рок од 24 часа свикува итна седница. Покрај симнувањето на имунитетот, советот мора да даде согласност и за притворот, што значи две барања кои мора итно да се процесуираат. Повикувајќи се на законските одредби, уапсениот судија има право да не го користи имунитетот и со тоа, во зависност од барањето, завршува со мерки на претпазливост и други полесни мерки.
Од полицијата соопштија дека судијата бил уапсен при извршувањето на кривичното дело.
„Денеска лишен од слобода е судија од Врховен суд поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело ,,Примање награда за против законито влијание”. Судијата е лишен од слобода на лице место при извршување на кривичното дело. Се чекаат понатамошни насоки од надлежен јавен обвинител“, изјавија од МВР .
Извори на Алсат велат дека во Врховниот суд немало посета од полициски истражители, но ова не се исклучува во текот на постапката.
Наке Георгиев беше избран за член во Судскиот совет минатата година, но поради конфликт на интереси, зашто Судскиот совет требаше да го избере неговиот син за судија, тој се повлече пред да даде заклетва. За врховен судија беше избран во 2020 година, а покриваше граѓански предмети./Алсат.мк
Адриан Керими