ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Двојно зголемен бројот на претставки против дискриминација

Сексуалната ориентација, родовиот идентитет, националната и етничка припадност, како и политичкото уверување остануваат најчестата основа за пријава на дискриминација, покажува Годишниот извештај за работата на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација за 2023 година (КСЗД).

Advertisements

Претседателот на КСЗД, Игор Јадровски, вели дека, иако се забележува зголемена видливост на Комисијата како адреса на која граѓаните бараат заштита на своите права, степенот на запознаеност на граѓаните за надлежностите на КСЗД е низок.

„Комисијата работеше на 523 претставки, што е повеќе од 100 отсто зголемување во однос на претходната година, што веројатно говори дека Комисијата добива на видливост, дека граѓаните се поинформирани и дека институцијата можеби добива уште повеќе на доверба. Забележуваме тренд на поистоветување на истите области на дискриминација претходната година, па така медиумите, јавното информирање, работата, работните односи, образованието и пристапот до добра и услуги, во 2023 година, исто како и во 2022 година, остануваат најчести области во кои што се пријавува дискриминацијата“, истакна Јадровски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button