ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Организациската директорка на Клиниката за токсикологија Бесија Иљази забрани комуникација на вработените со медиумите без нејзина дозвола

Организациската директорка на Клиниката за токсикологија Бесија Иљази забрани комуникација на вработените со медиумите без нејзина дозвола

Организациската директорка на Клиниката за токсикологија Бесија Иљази забрани комуникација на вработените со медиумите без нејзина дозвола. Во известувањето истакнато на огласна табла на Клиниката се наведува дека средби со медиуми се дозволени само со претходно известување до в.д. организацискиот директор.

Advertisements

„Од страната на некои лекари, кои не се повеќе од 5 – 6, се испорачуваат невистини во медиумите, а кои во јавноста се добро познати по скандали, инсценации и дезинформации и се нарекуваат доктори на „Фејсбук“ затоа што цел ден го поминуваат своето работно време на социјалните мрежи и не прават ништо. Времето на Нико Беќаровски, докторот од времето на „друже ТИТО“ помина и тој не може да се помири со оваа реалност“, рече Бесија Иљази, организациски директор на Клиниката за токсикологија.

Од Министерството за здравство велат дека секоја здравствена установа која врши дејност од јавен интерес е должна да функционира организирано во согласност со правилата кои се уредени со актите кои се уредуваат прописите од областа на здравствената заштита.

Најновата одлука на Иљази ја осуди Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и го нарече обид за цензура.

Директорката Иљази рече дека д-р Беќаровски не поднел оставка како што напиша на социјалните мрежи, туку отишол на годишен одмор и денеска се вратил на работното место. Исто така, Данил Петровски бил разрешен само од позицијата медицински директор, но според Иљази тој сега заминал на годишен одмор и на 30 мај ќе се врати на работа. Таа рече дека е подготвена пред судот да се соочи со докази дека Беќаровски употребил говор на омраза.

„Како е можно разрешениот медицински директор Данил Петровски да ја вработи својата снаа на 13.2.2024 година, еден ден пред моето доаѓање на функцијата, а немаше можност да вработи биолог и 18 лица кои со години се вработени овде. Ги прекрши сите законски норми, ги држеше да работат без договори и без плати, ги тераше да дежурат и така продолжи до моето доаѓање. Сега кога го решивме нивниот проблем, тоа стана голем проблем“, додаде Бесија Иљази, организациски директор на Клиниката за токсикологија.

Во меѓувреме, од понеделник 18 вработени добија договори за работа кои ќе бидат на работа до 31 декември, а платите ќе ги земаат од средината на април, кога е дадена согласност за вработување./Алсат.мк

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button